ВИДЕО: Еден убиен, еден ранет по пукање од возило во скопски Бутел 2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

По пукање од автомобил доцна вечерва во скопски Бутел 2, убиено е едно лице, а едно е тешко повредено, при што итно е префрлено на Клиника, дознава ТВ21.

Репортерот на ТВ21 јавува дека се работи за место на раскрсницата од булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски Карпош“. На терен се голем број на полициски возила, специјални единици и неколку возила на Брза помош.

Претходно, за ТВ21 од МВР го потврдија настанот.

„Пред 10-тина минути имаме пријава за слушнати истрели во Чаир. На терен се екипи“, велат од МВР за ТВ21.

Според неофицијални информации, едно од убиените лица е со иницијали К.И. Засега причините за овој настан пред големиот верски празник се непознати.

Повеќе информации се најавуваат од МВР за во текот на утрешниот ден. Репортерите на ТВ21 остануваат на терен, ги пренесуваме сите детали.