ВИДЕО: Голем пожар во фабрика за играчки во Турција

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голем пожар во малото турско гратче Бујукаристиран откако пожар зафати фабрика за играчки.

Во локалната фабрика за играчки „Пилсан“ од засега непознати причини, во пладневните часови избувнал пожар. Дури вечерва, спасувачките екипи го ставија под контрола пламенот во огромната фабрика.

Пожарот бил толку силен, што морало да доаѓаат пожарникари и од Истанбул да помагаат.