Македонско-француската правосудна соработка – тема на средбата на Савески со францускиот амбасадор и судијата за врски со регионот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска беше домаќин на делегација предводена од амбасадорот на Република Франција во земјава Кристоф Ле Риголер.

На средбата јавниот обвинител се запозна со назначениот судија за врски на Франција во регионот на Југоисточна Европа. На средбата присуствуваа и Сесилија Мароние, француски технички експерт во Министерството за правда на Република Северна Македонија и Микел Жано, полициски аташе.

Соговорниците ја оценија досегашната соработка како плодна и разгледаа можности за нејзино продлабочување. Јавниот обвинител се заблагодари за поддршката од Република Франција и изрази подготвеност за натамошна соработка, особено во областа на меѓународната правна помош во кривичната материја и во размената на искуства со француските колеги.

Делегацијата претходно се сретна и со претставници на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.