НЕКОЛКУ дена пред почетокот на Светското првенство во Катар, се појави видео на новинарот Мохамед Салех на кое се гледа голема дупка пред новоизградениот стадион Лусаил иконик. Судејќи според видеото, дупката настанала од уривање на бетонски плочи, а околу неа нема заштитна ограда, ниту пак табла што укажува на опасност.
Стадион од милијарда долари
Стадионот „Lusail Icon“ има капацитет од 80.000 луѓе и ќе биде домаќин на финалето на 18 декември. Таму ќе се одиграат уште девет натпревари од Светското првенство. Се наоѓа на 15 километри северно од центарот на Доха, а неговата изградба чинела 1,1 милијарда долари. Аргентина и Саудиска Арабија ќе го одиграат првиот натпревар на Мундијалот на 22 ноември, а два дена подоцна на истото место за бодови ќе се борат Србија и Бразил.
