ВИДЕО: Големи поплави во Обединетото Кралство, дождот не престанува веќе 40 дена

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Делови од Велика Британија се соочуваат со 40 дена континуирани врнежи од дожд, предизвикувајќи поплави, штети на инфраструктурата и сериозни проблеми за земјоделството, соопшти Метеоролошката служба.

Континуирани врнежи од дожд беа регистрирани во делови од Девон, Корнвол и Вустершир, додека југозападна Англија, Мидлендс, Велс, Шкотска и Северна Ирска беа погодени од натпросечни количини на дожд, објави „Гардијан“.

Според привремените податоци од Метеоролошката служба, Северна Ирска го имаше највлажниот јануари во последните 149 години, додека округот Даун го забележа највлажниот јануари откако се водат евиденции.

Најголеми врнежи од дожд оваа година се забележани во планините Морн.

Велс веќе прими 94 проценти од просечните зимски врнежи од дожд, додека Англија достигна 59 проценти од својот месечен февруарски просек на почетокот на февруари.