ВИДЕО: Голот на Барди конкурира за најубав во 2. коло во Лигата на Нации

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голот на македонскиот репрезентативен капитен Енис Барди во 70. минута од средбата со Ерменија синоќа, е во конкуренција за најубав во 2. коло во Лигата на Нации.

Покрај Барди, во конкуренција се и головите на данскиот репрезентативец Поулсен кој со ножички го совлада српскиот голман, потоа голот на Словенецот Шешко во дуелот со Казахстан кој со прекрасен продор и лоб удар го совлада гостинскиот голман, како и на Кочорашвили од Грузија кој со удар од 25 метри го совлада голманот на Албанија.

Барди од слободен удар од 25 метри со прекрасен удар го совлада Чанчаревиќ, и така донесе предност за Македонија со играч помалку. На крајот македонската репрезентација славеше триумф од 2-0 над Ерменија, и ја оствари првата победа во Лигата на Нации.