ВИДЕО: Хамас ги пушти првите заложници, славје во Израел

НАЈНОВИ ВЕСТИ

После примирјето во Газа, Хамас денеска ги пушта на слобода израелските заложници, кои се во заложништво повеќе од две години.

Хамас би требало да ослободи 48 заложници, од кои 20 се верува дека се живи. За возврат, Израел ќе ослободи 250 палестински затвореници и повеќе од 1700 лица уапсени во Газа.

Во Тел Авив веќе се слави враќањето на заложниците.

Претходно американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „војната е готова“ за време на неговата посета на Блискиот Исток.

Трамп најпрво ќе се обрати пред Парламентот во Израел, а потоа ќе патува во Египет, каде што ќе го предводи Мировниот самит, на кој ќе присуствуваат повеќе од 20 светски лидери.