Јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол прогласи воена состојба, велејќи дека мерката е неопходна за „да се заштити земјата од комунистичките сили“, а првите немири избија пред зградата на парламентот во Сеул.
Во вонредното телевизиско обраќање, исто така, ја нагласи потребата да се „искоренат просевернокорејските сили и да се заштити уставниот демократски поредок“.
Лидерот на најголемата јужнокорејска опозициска партија, Демократската партија, ги повика сите нејзини членови да се соберат во парламентот, што пратеникот Хонг Ки-вон го потврди за Би-Би-Си.
🇰🇷 People in South Korea have started gathering in front of the parliament. pic.twitter.com/kgpORAqQMC
— Update NEWS (@UpdateNews724) December 3, 2024
Кога ќе пристигне претседателот на парламентот Ву Вон-шик, тој ќе повика на гласање за укинување на вонредната состојба.
Хонг додава дека му било кажано дека специјалните сили се во зградата на Собранието, но не е јасно што точно прават. Граѓаните се судрија со специјалците пред зградата на Собранието.
Над зградата на Парламентот надлетуваат хеликоптери.
Кризата во Јужна Кореја има влијание и на финансиските пазари, па токму од тука вечерва е закажан итен состанок на кој ќе се расправа за оваа точка.
