ВИДЕО: Изнајмила 520 дронови за да го прослави роденденот на своето куче

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Една жена од Кина на своето куче му приреди голема забава по повод неговиот 10-ти роденден.

Сопственичката од кинеската провинција Хунан изнајмила 520 светлечки дронови, а за услугата платила 100.000 јуани или речиси 14.000 евра.

Сцената ги импресионираше насобраните, но не и локалните власти, бидејќи летот се вршеше во забранетата зона, па постоеше ризик да бидат соборени дроновите.

Дроновите формираа изглед на роденденска торта, кутија, коска и кучешко лице, како и испечатена роденденска честитка.