Временската прогноза за времето во Москва стана вирална откако кучето влета во кадар и го украде микрофонот на новинарката, пренесоа руските медиуми.
Преносот во живо на руската новинарка на Мир ТВ, Надежда Серјожкина, беше прекинат од разигран златен ретривер кој скокнал врз неа, и го фатил микрофонот од раката и избегал.
Новинарката му довикна на кучето да „застане“ и „дојди овде“ додека се обидуваше неуспешно да го фати на мостот од кој известуваше, објави на Твитер снимателот Димитри Лотовски.
И додека снимателот ја снимаше како го брка кучето, на следниот кадар се гледа запрепастената водителка во студиото.
