ВИДЕО: Луѓе панично бегаат по улиците низ Истанбул по земјотресот, водителка известуваше во живо за време на потресот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтер, го погоди регионот на Истанбул, Турција денеска околу пладне.

На снимки кои се појавија на социјални мрежи се гледа како луѓе панично бегаат по првиот потрес.

Се појави снимка и во која во момент на земјотресот, водителка водеше емисија во живо, и за некое чудо остана присебна при еден ваков силен потрес.

Турските власти веднаш почнаа да испитуваат дали има човечки жртви и материјална штеа.