ВИДЕО Македонија во црнина: Последно збогум за 59 жртви од трагедијата во Кочани

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тишина, солзи и црнина. Денес Македонија тагува. 59 животи згаснаа во најстрашната трагедија што ја паметиме. Најголем дел од загинатите беа погребани тука во Кочани, а погреби се одржаа и во Штип, Пробиштип, Облешево, Скопје и Струмица, пренесува репортерот на ТВ21 од Кочани.

Секој од нив беше нечие дете, родител, брат или сестра. Тагата се чувствува во воздухот. Лицата се без зборови, само солзи што не можат да ја избришат болката.

Ехото од плачот е единствен одговор на нивното прашање: Зошто се случи ова?

„Тука позади мене граѓани доаѓаат и оддаваат последна последно збогум на невините сограѓани кои трагично загинаа. Погледот на сите тука е замрзнат во далечината. Не сакаат да поверуваат дека ова е последното збогум“, вели репортерот на ТВ21.

Во Скопје беше погребан и Андреј, фронтменот на групата кој првично се спасил па се вратил во објектот да спасува. Денеска на сила се посебни безбедносни и сообраќајни мерки