ВИДЕО: Момче остана заробено на парче мраз среде река, погледнете како го спаси рибарот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Две момчиња на 11 години играле на мразот покрај брегот на замрзната река, а потоа ледената плоча почнала да се одвојува.

На Фејсбук е објавено видео од драматичното спасување на 11-годишно момче кое беше заробено на парче мраз среде студена река.

Тоа се случило на реката Десенка во украинскиот град Киев, а момчето го спаси рибарот Ричард Горда. На видеото се гледа како момчето, кое рече дека не знае да плива, плаче додека стои на парче мраз што лебди на реката. Рибарот ја фрлил риболовната прачка кон момчето, но без јадица, само со олово, а кога момчето ја дофати сајлата, човекот почнал да ја врти ролната и го повлече момчето кон брегот. Момчето на крајот било спасено без повреди и итна интервенција.

Линк до видеото:

https://www.facebook.com/watch/?ref=external&v=4513119522037980