ВИДЕО: На Криволак подготвен првиот групен карантин во Македонија за граѓани кои доаѓаат од земји со висок ризик

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На Криволак во касарната Пепелиште ќе биде стациониран првиот групен карантин во земјава за наши државјани кои ќе допатуваат во Македонија од високоризичните земји од коронавирусот.

Попладнево увид таму изврши и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.