Навивачи се појавија во живо во вестите на ТВ21, додека репортерот Јовица Пауноски известуваше за тоа каква е атмосферата во центарот на Скопје.
Младите навивачи порачаа дека иако македонската репрезентација нема да оди на мундијалот во Катар, сепак за нив они се победници.
„Тие и да изгубат, за нас се победници“, порачаа момчињата и додадоа дека репрезентацијата на Португалија не била подобра, туку само повеќе среќа имале.
