Бостон Селтикс се вратија на победничките навики. Минатогодишните финалисти во НБА на домашен терен го победија Вашингтон Визардс со 112:94.
Селтикси до победата ги предводеа Џејлен Браун – Џејсон Тејтум, кои постигнаа 24, односно 23 поени.
Тој на клупата Грант Вилијамс постигна десет поени за своите 25 минути на паркетот, но неговото интервју по натпреварот го направи хит на социјалните мрежи.
Вилијамс ја напушти соблекувалната во костим на Бетмен за да даде интервју.
Тејтум му дофрлил: „Што по ѓаволите правиш?“.
Костимот веројатно го носел за да го одбележи Ноќта на вештерките, но и како еден вид почит на неговиот соиграч Ал Хорфорд, кој своевремено го нарекол Бетмен.
We need Grant Williams with a lead role in the next Batman movie pic.twitter.com/j5Z2YI7veI
— Barstool Sports (@barstoolsports) October 31, 2022
