ВИДЕО Нов инцидент со авион во САД: Итно евакуирани сите патници по слетување поради дим во кабината

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Авионот на Американ Ерлјанс (PSA Airlines) кој летал од Шарлот до Аугуста, морал итно да биде евакуиран по слетувањето во Аугуста поради појава на дим во кабината.

Поради овој инцидент биле откажани неколку летови.

Според портпаролот на аеродромот во Аугуста, кабината на авионот била исполнета со дим веднаш по слетувањето, а патниците биле симнати од авионот како мерка на претпазливост.

Портпаролот на Американ Ерлајнс рече дека летот бр. 5406 имал проблем со одржувањето по слетувањето. Патниците се евакуирани и се придружувани до терминалот на аеродромот.

„Безбедноста на нашите клиенти е наш главен приоритет и се извинуваме за непријатностите“, кажа тој.