ВИДЕО Нов инцидент во САД: Се запали авион на писта во Хјустон, патниците се евакуираа со лизгалки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Летот 1382 на Јунајтед ерлајнс не полета од пистата на интерконтиненталниот аеродром Џорџ Буш во Хјустон бидејќи избувна пожар во моторот на авионот непосредно пред полетувањето, објави Њујорк пост.

Авионот го прекина полетувањето поради пријавен „проблем со моторот“, се вели во соопштението на американската Федерална управа за авијација (ФАА).

Членовите на екипажот и 104 патници мораа да се спуштат преку помошни лизгалки и брзо да стигнат до пистата, каде што ги пречекаа автобуси и ги вратија во зградата на аеродромот, додаде ФАА.