Новите столчиња што албанскиот премиер Еди Рама ги постави како повик за дијалог со незадоволните студенти, повторно беа искршени утрово.
Рама претходно ги замени столчињата што студентите ги оштетија за време на протестот, повикувајќи ги на разговор и порача дека незадоволството не може да биде оправдување за насилство.
Сепак, новите столчиња повторно биле искршени, со што продолжува тензијата меѓу студентите и властите во Албанија.
Премиерот досега јавно повика на дијалог, нагласувајќи дека проблемите треба да се решаваат преку разговор, а не со уништување на имот.
