ВИДЕО: Објавено видео од гаражата на Асад со над 40 луксузни автомобили

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сирискиот претседател Башар ал Асад и неговото семејство пристигнаа во Москва и добија азил од руските власти, пренесоа руските новински агенции, повикувајќи се на извор од Кремљ.

Новинската агенција Интерфакс цитираше неименуван извор како вели:

„Претседателот на Сирија Асад пристигна во Москва. Русија им даде (нему и неговото семејство) азил од хуманитарни причини“.

А медиумите сега објавуваат снимки од неговата колекција луксузни автомобили, меѓу кои и Ферари Ф50 чија цена е над 3 милиони долари. Во гаражата се и Ламборџини, Ролс Ројс и Бентли.

CNN пишува дека на снимката се гледаат над 40 луксузни автомобили.