ВИДЕО: Падна авион во Индија – меѓу загинатите и заменик-министер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Авион, кој полетал од Мумбај, се урнал на аеродромот во Барамати при слетување.

Во Индија, денеска се урна авион кој летал од Мумбај кон Барамати. Во несреќата загинаа Ајит Павара, заменик-министер на индиската сојузна држава Махараштра, како и уште четири лица.

Авионoт, кој полетал од Мумбај, се урнал на аеродромот во Барамати, соопшти Главната управа за цивилно воздухопловство.

Причината за несреќата сè уште не е официјално потврдена.

Двајца членови на персоналот на Павара и двајца членови на екипажот загинале заедно со заменик-министерот, пишува BBC.

Снимките од местото на несреќата прикажуваат остатоци од авионот обвиени со чад и пламен.

Премиерот Нарендра Моди на X напиша дека е тажен поради веста за несреќата.

„Моите мисли се со сите кои ги загубиле своите најблиски во несреќата. Се молам за сила и храброст за семејствата кои се во длабока тага“, напиша тој.

Павара, инаку внук на Шарад Павара, основач на Националистичката конгресна партија (NCP), бил влијателен политичар во Махараштра. Исто така, интересно е што Барамати е општина од која семејството Павара доживеало политички успон, а сега е местото каде што Ајит Павара трагично загина.