Огромна непријатност доживеале патниците на летот „EuropaUX1093“ кој требало да слета во Амстердам. Поради бурата „Кјара“ која беснееше ширум Европа во изминатите неколку дена, пилотите никако не можеа да го слетаат авионот, па после неколку пати беше пренасочен.
Меѓутоа една патничка ја снимала „драмата“ од кабината каде што се слуша плачење од неколку патници во авионот.
За среќа авионот слетал, и немало никакви последици.
Бурата „Кјара“ направи огромни проблеми во Белгија, Холандија, Велика Британија, а зафати и дел од Германија и Франција.
