ВИДЕО: По 900 години прва ерупција на вулкан во Исланд

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Синоќа во близина на Рекјавик се случила ерупција на вулкан, потврди сеизмолог од Исланд.

Во последиве неколку недели во Исланд се регистрирани над 50.000 земјотреси, што е можно да го „разбудиле“ вулканот.

Ерупцијата била во ненаселено подрачје, па лавата не предизвикала значајни проблеми. Се очекува оваа ерупцијата да трае неколку дена, а можно е и до неколку недели.

Видир Реинисон од Цивилната заштита истакнал дека оваа ерупција е прва на ова подрачје од 12-тиот век.

Активното подрачје се наоѓа на 30 километри од главниот град Рекјавик.