Бројни спасувачки екипи, пред се припадници на полицијата, како и планинари, продолжија со потрагата по спортскиот авион „Пајпер 28“, кој исчезна во областа над планината Козара.
Потрагата е отежната поради слаба видливост поради магла, мрак, но и непристапен терен, известува тимот на РТРС од терен.
„Важно е прво да се лоцира теренот, и ако ги има, и се надеваме дека има преживеани, ќе го започнеме спасувањето, заедно со медицинскиот персонал“, изјави за РТРС претседателот на Планинарското друштво на Република Српска, Љубиша Арманда.
Во авионот имало две лица, кои исчезнале над Омарска, пилот и оператор. Авионот се враќал од Велика Кладуша кон Бања Лука, од чиј аеродром утрово летал кон Кладуша.
Авионот превезувал вакцини за животни. На враќање од Кладуша, авионот исчезна од радарот нешто по 14 часот.
