Аеродромот на својот официјален профил на Твитер соопшти дека делови од терминалот 1 се блокирани.
Аеродромот во Франкфурт е евакуиран вечерва поради „алармот за оружје“, пренесуваат светските медиуми.
Аеродромот на својот официјален профил на Твитер соопшти дека делови од терминалот 1 се блокирани и апелирале до патниците да ги следат безбедносните упатства.
Според светските медиуми, во тек е полициска акција.
На социјалните мрежи се појави видео на кое едно лице покажува пиштол кон некого, додека друго лице лежи на земја.
