Маж загина, а пет лица се ранети во пукотница која се случила ноќеска во населбата Лоренс Хајтс во Торонто, Канада.
Полицијата го примила повикот во 20:30 часот по локално време, објави CTV News.
Полициските службеници по пристигнувањето пронашле неколку ранети лица. Според властите, маж на возраст од околу 40 години починал на самото место, додека пет лица, меѓу кои четири мажи и една жена, биле префрлени во болница со повреди кои не се опасни по живот.
Полицијата соопшти дека моментално се бараат повеќе осомничени. Соибрањето на докази е во тек. Градоначалничката на Торонто, Оливија Чоу, изјави дека е „вознемирена“ од инцидентот и им се заблагодари на службите за итни случаи за нивниот брз одговор.
