Видео разговор помеѓу Путин и Си Џинпинг

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг утринава разговарале преку видео врска, јавија кинеските медиуми.

„На 21 јануари, утрото, кинескиот претседател Си Џинпинг одржа видео-конференција со рускиот претседател Владимир Путин“, објави новинската агенција Ксинхуа.

„Разговорот е во тек“, одговори портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прашањето дали Путин и Кси Џинпинг навистина разговарале преку видео врска, пренесува ТАСС.

Која била темата на разговорот се уште не е прецизирано. Рускиот претседател Путин на почетокот на јануари на средба со членовите на владата најавил дека наскоро планира телефонски разговор со кинескиот колега, јавуваат руските медиуми.