
Унгарија станува специјален економски партнер на Македонија. Ова предмалку го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, но не на нас тука, малкуте акредитирани и присутни македонски новинари, туку го дознавме преку владината прес служба која до нас испрати и видео изјава од премиерот.
Прашања не успеавме да поставиме за оваа како што ја нарекуваат специјалната финансиска соработка.
Унгарската Влада ќе и позајми на македонската Влада сума од 500 милиони евра под следниве услови. А тоа се камата од 3,25%, три години грејс период и 12 години рок на отплата што е вкупно 15 години.
Вчера се одржаа и низа на средби. Мицкоски по таа со техничкиот премиер на Бугарија посочи дека е потребно релаксирање на односите и да се гледа на иднината и дека темите од минатото нема да ги зближат двата народи. По средната пак со премиерот на Албанија кој веќе видено се појави во бели патики, беше заклучено дека треба фокус да бидат точките кои и двете држави ги обединуваат, со акцент за развој и градење на добри односи. Министерот за одбрана синоќа беше на прием кај секретарот за одбрана Лојд Остин, а таму беше потпишани писмо за намери за воспоставување на усогласен корисдор за воена мобилност за потребите на НАТО. Потпис ставија Италија, Албанија, Македонија и Бугарија. Министерот за надворешни работи пак беше кај државниот секретар Антони Блинкен. Пред средбата Муцунски во интервју за Гласот на Америка, рече дека Македонија ќе продолжи со поддршка на Украина, а руската агресија мора да заврши со крај посакпува за Алијансата. Во однос на договорот од Препса, Муцунски вели дека тој е срамен и недостоинствен акт, но истовремено дека се свесни за реалноста која доаѓа со тој договор.
Денеска на агендата, е состанокот на северноатланскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, индо-пацифички партнери и на Европската унија. Потоа следува состанок на Советот НАТО-Украина и самитот ќе заврши со прес конференција на генералниот секретар во заминување Јенс Столтенбер во 22 часот и 30 минути по македонско време. Но, можеби тоа ќе биде во сенка, бидејќи час подоцна закажана е и прес конференција на американскиот претседател Џо Бајден, за која тука во Вашингтон велат дека ќе ја одреди политичката иднина на претседателот кој се бори за нов мандат.
