ВИДЕО: Се судрија возови во Словачка, најмалку 100 повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најмалку 100 лица се повредени во судирот на два воза во Словачка, а според досегашните информации, нема загинати, објави словачкиот портал TA3.

Според извештаите, несреќата се случила денес околу 10:00 часот во близина на селото Јаблонов во Турња , кога два експресни воза се судриле на раскрсницата на две железнички пруги. 

Портпаролот на Словачката железница, Јан Бачек, изјави дека причината за судирот сè уште се истражува.

„Во моментов, приоритет е спасувањето и евакуацијата на патниците и нашите вработени“, рече тој.

На местото на судирот беа испратени пет амбулантни возила и еден 
хеликоптер за спасување.

Како што е наведено, полицијата го обезбедува местото на несреќата, ја координира работата на спасувачките служби и го насочува движењето на луѓето во областа.