ВИДЕО: Се урна мал полициски авион на Тајланд, загинаа пет лица – снимен моментот на падот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шест лица загинаа кога мал тајландски полициски авион се урна во морето во близина на одморалиштето Хуа Хин, соопштија властите.

Портпаролот на полицијата Археон Краитонг изјави дека авионот бил на пробен лет со цел да се подготви за обука со падобран, пренесе АП.

Иако моделот на авионот не е официјално потврден, фотографиите од местото на несреќата укажуваат дека станува збор за Viking DHC-6 Twin Otter со мотори на пропелери.

Авионот се урнал во близина на аеродромот Хуа Хин, во провинцијата Прачуап Кири Кан, соопшти локалниот оддел за односи со јавноста.