Министерството за одбрана на Турција соопшти дека шест членови на екипажот загинале при пад на хеликоптер УХ-1, кој изведувал тренажен лет во Испарта во југозападна Турција.
„Еден од нашите хеликоптери УХ-1, кој изведуваше тренажен лет во Испарта, имаше несреќа и вкупно шест членови на нашиот персонал загинаа“, се вели во соопштението.
Беше посочено дека починал член на персоналот кој бил пренесен во болница со тешки повреди здобиени во хеликоптерската несреќа, со што бројот на загинати се искачи на шест.
Два воени хеликоптери на тренинг лет во областа Кечиборлу во Испарта имале близок контакт во воздух. Како резултат на контактот паднал еден од хеликоптерите. Загинаа командантот на копнената авијација на Испарта бригадниот генерал Иса Бајдили и 5 војници кои се наоѓаа во паднатиот хеликоптер.
⚡️Military Helicopter Crashes in Turkiye, Killing Five Personnel – Reports pic.twitter.com/FZavNJf0od
— RT_India (@RT_India_news) December 9, 2024
#Türkiyə də hərbi helikopter qəzaya uğradı #Turkiye pic.twitter.com/Sam9lJNUSa
— APA TV (@APATVOfficial) December 9, 2024
