ВИДЕО Шокантни снимки од САД: Авион се запали за време на лет, пилотот побара итно слетување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шокантни снимки се појавија од небото на Њуарк во Њу Џерси. Авион на „ФедЕкс“ во пламен веднаш по полетувањето од аеродромот.

Според информациите, авионот полетал од меѓународниот аеродром „Либерти“ во Њуарк. Во 7:58 часот пламенот ненадејно избувнал од десниот мотор. Очевидци кажаа дека слушнале и силна експлозија.

Само неколку минути по ескплозијата, авионот итно слетал. Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат дека моторот и натаму горел и кога авионот се вратил на пистата.