ВИДЕО: Што тече низ битолски Драгор? Со 16 гласа ЗА, 15 ВОЗДРЖАНИ, за прв пат дел од власта поддржа барање на опозицијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дел од советниците од власта, за прв пат по долг период поддржаа предлог кој беше поднесен од страна на опозицијата во битолскиот совет.

Независните советници од „Поинаку“ побара информација и решавање на проблемот со загаденоста и смрдеата на водата во реката Драгор на влезот на Битола.

Предлогот за прв пат беше поддржан од дел од советниците од власта во Советот.

❗️На сите му СМРДИ, ама никој не реагира❗️#poinaku#morapoinaku

Gepostet von Габриела Илиевска am Donnerstag, 10. September 2020

Како што беше потенцирано од говорницата, низ реката течи бела течност, а формирани се и резервоари за кои нема точни информации за каква течност станува збор.

Гласањето во битолскиот совет:

Првите чекори се најтешки ама најмногу значат❗️Благодарност за поддршката на сите колеги кои не поддржаа❗️16:15 За граѓаните на Битола❗️

Gepostet von Габриела Илиевска am Donnerstag, 10. September 2020

Ова не е прв пат низ реката Драгор во Битола да тече бела течност, а тоа најчесто се случува за време на неработни денови, кога инспекциите не работат.