ВИДЕО: Силен земјотрес во Јужна Америка, Чиле издаде предупредување за цунами

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Чиле издаде предупредување за цунами и нареди евакуација на жителите на крајбрежјето на југот од земјата, по силниот земјотрес.

Агенцијата за управување со катастрофи на земјата издаде предупредување за дел од оддалечениот регион Магаљанес, на јужниот врв на Чиле.

Предупредувањето доаѓа откако, според податоците од Геолошкиот завод на САД (USGS), во 13:58 часот по локално време е регистриран земјотрес со интензитет од 7,4 степени според Рихтеровата скала на 219 километри од брегот на аргентинскиот град Ушуаја.