ВИДЕО: Скопјанец фати сом од 82 килограми од Вардар

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во близина на Велес, во реката Вардар за време на викендот е фатен сом долг 2 метри и 10 сантиметри и тежок 82 килограми.

Сомот бил уловен од скопјанецот Назми Акташи, на кого риболовот му е хоби.

Иако такви риби има во реката, тие многу ретко можат да се ловат, па затоа Акташи вели дека имал среќа да го фати токму овој вид на риба.

Во изјава за Газета.мк тој вели дека дека по објавувањето на фотографии и видеа на неговата официјална страница на Фејсбук, добил понуди од разни здруженија и поединци да го купат сомот, но тој ги одбил.