ВИДЕО: Снежна бура ја парализира Камчатка, снег до три метри

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Силна снежна бура ја зафати руската област Камчатка, при што снежната покривка на одредени места достигна и до три метри.

Поради екстремните временски услови, сообраќајот е значително отежнат, а дел од патиштата се затворени.

Надлежните служби се на терен и работат на расчистување на снегот, додека жителите се повикани да избегнуваат непотребни движења и да ги почитуваат безбедносните препораки.

Локалните власти информираат дека засега нема податоци за повредени лица, но состојбата и натаму внимателно се следи.