Во Еквадор, новинарот Диего Ординола и неговиот снимател биле ограбени под закана со пиштол.
Среде бел ден, ТВ-новинар во Еквадор беше прекинат среде снимање од човек со пиштол, кој му ги зеде мобилните телефони, него и на неговиот снимател.
Екипата се обиде да го следи крадецот со камерите, но откако слегоа под мостот, веќе не можеа да го фатат. Тие продолжија со снимањето со цел полицијата полесно да го пронајде криминалецот.
Новинарот, пак, им се заблагодари на сите за пораките за поддршка и повика на обединување на нацијата во борбата против криминалот.
