ВИДЕО Соборен светскиот рекорд во маратон, победничката заплака на целта

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кениската атлетичарка Перес Џепчирчир постави нов светски рекорд во маратон, бидејќи трката во Лондон ја заврши за два часа, 16 минути и 16 секунди. На целта Кенијката заплака и покажа колку и значи тоа.

Второто место на трката во главниот град на Англија, еден од најмасовните маратони на планетата, и припадна на Тигст Асефи од Етиопија, додека третопласирана е Џојселин Џепкосгеи од Кенија.

И второпласираните и третопласираните ја завршија трката за помалку од 2 часа и 17 минути, што ги натера да ја завршат трката побрзо од претходниот светски рекорд поставен од Кенијката Мери Кеитани со време од 2 часа, 17 минути и една секунда.

Тој рекорд е на сила од 2017 година, а беше поставен и во Лондон.

Пред трката во машка и женска конкуренција, натпреварувачите му оддадоа почит на големиот шампион Келвин Киптум кој неодамна загина во сообраќајна несреќа во родната Кенија.

Јепчирчир така на најдобар можен начин направи увертира за Париз и настапот на Олимписките игри летово.