ВИДЕО: Спречен обид за киднапирање на авион – нападнал стјуардеса и сакал да влезе во пилотската кабина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

31-годишен маж е уапсен поради наводен обид да киднапира мексикански комерцијален лет и да го пренасочи авионот кон САД во неделата наутро, пренесува abcNEWS.

Авионот рано наутро тргнал од Леон за Тихуана, кога Мексиканец ја нападнал стјуардесата и се обидел да упадне во пилотската кабина. Поради овој инцидент, авионот бил пренасочен кон Гвадалахара. Таму бил уапсен од мексиканската национална гарда.

Мотивот за нападот се уште не е познат, но според персоналот на авиокомпанијата – мажот рекол дека негов близок роднина бил киднапиран, а пред полетувањето добил смртна закана доколку отпатува за Тихуана. Во авионот мажот бил придружуван од сопругата и двете деца.

Осомничениот е уапсен, а авионот потоа го продолжил летот за Тихуана.