ВИДЕО: Супермесечина над Скопје – утре ќе ја достигне целосната лунарна фаза, а ќе се појави во пар со комета!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вечерва на небото е забележана октомвриската супер месечина.

Таа сега е најблиску до Земјата и утре ќе ја достигне својата целосна лунарна фаза, а ќе се појави во пар со комета, што ќе обезбеди ретка можност за сите оние кои сакаат да ги набљудуваат ѕвездите и вселената, објави НАСА.

Третата од четирите супермесечини оваа година, вечерва е оддалечена од Земјата 357.364 километри, што ја направи уште поголема и посветла од претходните во август и септември, а како што најавуваат научниците – утре ќе ја достигне целосната лунарна фаза.

Во релативна близина на Земјата се наоѓа кометата Цучиншан-Атлас, која беше откриена минатата година, а сега ќе биде видлива на северната хемисфера откако ќе ги воодушеви набљудувачите на јужната хемисфера на Земјата.