ВИДЕО: Трагедија го потресе Алжир: 17-годишен фудбалер почина по удар со нога во глава!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Страшна вест доаѓа од Алжир, каде младиот фудбалер Васим Јазар го загуби животот како последица на удар кој го доби за време на фудбалски натпревар.

Овој талентиран фудбалер беше удрен со нога во глава на натпревар на помладите категории на неговиот тим Вади Ел Маа.

Дефанзивецот се обиде да ја шутне топката пред Јазар, кој беше побрз и ја зеде на гради, но не можеше да го избегне ударот на противникот.

Дополнителна штета нанел падот, при што младиот фудбалер со главата удрил во земја, бидејќи од првиот удар изгубил свест.

Бидејќи на терен немало медицинска помош, Јазар со автомобил бил пренесен во болница.

Таму се бореле за неговиот живот, но безуспешно, а Мундо Депортиво дури доби информација дека младиот фудбалер починал веќе на теренот.

Како изгледаше сето тоа можете да видите во видеото подолу: