Утрово околу 4 часот на улиците во Пјаченца, двајца млади струмичани, загинаа во тешка сообраќајна несреќа, удирајќи со автомобилот „Renault Clio“ во дрво, кое се наоѓало на работ на патот.
Како што дознава СтрумицаНет, двете лица, момче и девојка се од Струмица на возраст од 25 и 26 години кои времено живеат во Италија.
Веднаш по ударот, автомобилот, бил зафатен во пламен и за двајцата млади во внатрешноста на патничкиот простор, немало спас. Пренесе „Либерата“.
На лице место интервенирале пожарникарите, Брзата помош и Црвениот крст, како и агентите на сообраќајната полиција кои прават увид на лице место.
Извор: Strumicnet.com
