ВИДЕО: Целосно забрането движењето кај Судот – Скопје под силно полициско обезбедување

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Целосно забрането е движењето кај Кривичниот суд, а може да се забележи и силно полициско обезбедување низ Скопје, информира репортерот на ТВ21.

Ваквата одлука следува поради најавениот протест за „Монстум“.

Тие повторно бараат откривање на вистината за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година и казни за извршителите.

Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.