Подготвени се уверенијата кои денеска на свечената седница на Државната изборна комисија треба да се доделат лично на избраните пратеници.
Со врачувањето на уверенијата на пратениците во новиот собраниски состав, практично се окончува целиот изборен процес.

Според Уставот, претстојниот Парламентот треба да се конституира најдоцна 20 дена по одржувањето на изборите, а конститутивната седница на новиот собраниски состав треба да ја свика поранешниот претседател на Собранието Талат Џафери, најдоцна до 4 август.
