ВИДЕО: Во авионот имало 244 лица – последниот сигнал е секунди по полетувањето!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Авионот што се урна во близина на аеродромот Ахмедабад бил лет на Air India со 244 лица, на пат кон Лондон.

Од нив, 232 биле патници и 12 членови на екипажот.

FlightRadar, најголемата веб-страница за следење летови во светот, соопшти дека летот на Air India требало да полета од меѓународниот аеродром Ахмедабад кон аеродромот Лондон Гетвик во 9:50 часот наутро по локално време. Требало да пристигне во 18:25 часот по локално време.

Според објава на платформата X, сигналот бил изгубен во 10:08 часот наутро по локално време, на надморска височина од 625 стапки (190 метри) – помалку од една минута по полетувањето.

Истата страница претходно објави дека сигналот бил изгубен „неколку секунди по полетувањето“.

Индиската служба за цивилно воздухопловство, според Ројтерс, објави дека авионот се урнал по полетувањето „надвор од периметарот на аеродромот“.

Според првичните извештаи, авионот експлодирал.