ВИДЕО: Во тешка автобуска несреќа во Мексико загинаа 41 лице

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во сообраќајната несреќа што се случи вчера во јужно Мексико загинаа 41 лице, соопшти владата на државата Табаско. Според извештаите, работата за извлекување на телата од местото на несреќата се уште е во тек.

Автобус со 48 патници се судрил со камион, при што загинале 38 патници и двајцата возачи на автобусот, а загинал и возачот на камионот, потврдија локалните власти.

Според информациите, автобусот по сударот се запалил и целосно изгорел, а останале само металните делови од возилото.

Автобускиот оператор Турс Акоста изрази жалење за несреќата. „Длабоко жалиме за она што се случи. Работиме со властите за да ги утврдиме причините за несреќата и дали автобусот возел со дозволената брзина“, велат од компанијата.

Надлежните најавија детална истрага за утврдување на сите околности на овој трагичен настан.