ВИДЕО: Земјотресот ја прекина за момент прес-конференцијата на Османи и Бучковски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Земјотресот во 14:09 часот денеска во Скопје, се случи за време на прес-конференцијата на министерот за надворешни работи Бујар Османи, и претставникот на Владата за Бугарија Владо Бучковски.

Во миговите кога зборуваше Османи, се случи потресот, а министерот во еден миг ја прекина прес-конференцијата, и со насмевка само праша: „Дали може да продолжиме?“.

Откако се увери дека се е во ред и дека може да продолжи со прес-конференцијата, Османи продолжи со говорот.