ВИДЕО Ѕвончето повторно заѕвони на Детска клиника: Јован храбро ја победи тешката битка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Победничкото ѕвонче повторно силно звонеше на Клиниката за детски болести. Малиот Јован ја победи тешката битка и се враќа дома.

„Нова радосна вест од Клиника за детски болести. Победничкото ѕвонче повторно силно звонеше за да слушнат сите дека нашиот суперхерој ЈОВАН храбро ја помина и ја освои тешката битка. На ЈОВАН му посакуваме многу здравје и среќно и безгрижно детство!“, стои во објавата на Детската клиника.