Македонската музика заслужува искрена и континуирана поддршка, а токму и затоа, Видеолотарија Касинос Австрија со особено задоволство е дел од уште една музичка приказна која ја слави домашната сцена и македонските уметници.
На 22 мај, познатата македонска пејачка Бојана Скендеровски ќе настапи пред тетовската публика со свој солистички концерт во Домот на културата „Иљо Антевски Смок“, со почеток од 20:00 часот. Публиката ќе има можност да ужива во вечер исполнета со емоции, добра македонска музика и препознатливата енергија на Бојана, која подготвува вистинско музичко дружење за сите генерации.

„Навистина сакам да се заблагодарам на Државната видеолотарија за поддршката која ја добив за реализацијата на овој мој солистички концерт. На културата и се потребни вакви општествено одговорни компании кои ја препознаваат и поддржуваат македонската музика и домашните уметници“, изјави Бојана Скендеровски.
Како компанија која континуирано вложува во спортот, културата и заедницата, Видеолотарија Касинос Австрија останува посветена на поддршката на настани што ја збогатуваат културната сцена, создаваат вредности и носат незаборавни моменти за публиката.
Концертот во Тетово ветува вечер што ќе се памети, исполнета со музика, емоции и вистинска атмосфера за уживање.
