Доколку сте љубител на гледање на небото, проверете дали во вашиот распоред следната недела имате внесено дека следува супер месечина. Во раните утрински часови на 9 февруари, на небото ќе се појави супер месечина, пишува Mirror.
Полната месечина се појавува на небото кога Месечината е на спротивната страна на Земјата во однос на сонцето, што значи дека нејзината површина е целосно осветлена. Во исто време, Месечината ќе биде многу близу до нашата планета, што значи дека ќе се појави поголема и посветла на ноќното небо.

Супер месечината ќе се појави во раните утрински часови на 9 февруари, а најинтензивна ќе биде во 08:33 CET.
„Месечината ќе биде полна околу три дена, од петок вечер до понеделник наутро, правејќи го овој викенд – цел викенд полна месечина“, рече Гордон Џонсон од НАСА.
Племињата кои живееле во северо-источниот дел на Соединетите држави го нарекоа Снег или Бура од Месечината поради обилните снежни врнежи што се типични за овој дел од годината.
